02 Опис на производот
Троделен антидекубитален душек од полиуретан.
Изработен е од посебна смеса на полиуретан, плавиот дел е направен од високо отпорна пена со висока густина.
Средните делови на душекот (белиот дел) се направени од мека пена со цел да се растеретат најосетливите делови на телото (глава и рамена, седалниот дел и петите).
Се препорачува кај лежечки пациенти како превенција од појава на декубитални рани, но и кај пациенти кај кои се имаат појавено.
Душекот е антибактериски и антиалергиски.
Димензии: 86x65x17 еден дел и 197x86x17 цел душек.
Носивост: до 130 кг.
Душекот е медицински тестиран.