-
Индивидуални производи
Потколен апарат со ограничување на плантарна или дорзална флексија и скочен зглоб со приклучок на чевли
2303 | Потколен апарат со ограничување на плантарна или дорзална флексија и скочен зглоб со приклучок на чевли
- Mеханичка ортоза која се изработува по индивидуална мерка, од метални шини поставени на надворешната и внатрешната страна на ортозата;
- Спојот со чевли е изведен со метална узенгија која е прицврстена за петата на чевелот и која ја презема улогата на скочниот зглоб;
- За подобра удобност обложена е со филц и природна кожа;
- Помага кај паднато стапало независно од која причина;
- Зависно од тежината и активноста на корисникот металните шини може да се челични или од алуминиумска легура со кои ортозата станува полесна;
- Користење на ортопедски чевли во спој со ортозата е неопходно.
-
Индивидуални производи
Потколен апарат со скочен зглоб и метална сандала
2304 | Потколен апарат со скочен зглоб и метална сандала
- Механичка ортоза која се изработува по индивидуална мерка од метални шини поставени на надворешната и внатрешната страна на ортозата;
- Зависно од тежината и активноста на корисникот металните шини може да се челични или од алуминиумска легура со кои ортозата станува полесна;
- Помага кај паднато стапало независно од која причина;
- Ортозата има и механички скочен зглоб кој е споен со метална сандала која го опфаќа стапалото и преку која се облекува чевел изработен по мерка;
- За подобра удобност обложена е со филц и природна кожа.
- Користење на ортопедски чевли во спој со ортозата е неопходно.
-
Индивидуални производи
Корективен апарат за корекција на скочен зглоб
2608 | Корективен апарат за корекција на скочен зглоб (Редерсман)
- Динамична потколена ортоза која се изработува по индивидуален отисок има вграден флексибилен и еластичен зглоб за глужд, со што се овозможува оптимална контрола на глуждот и стапалото.
- На задната страна на ортозата вграден е граничник со кој се ограничува и регулира прекумерно спуштање на стапалото.
- Овозможува добра поддршка кај нестабилност во валгус или варус (навалување на глуждот).
- За поголема удобност постои можност за обложување на внатрешноста на ортозата како и можност за додавање на индивидуално произведена влошка под стапалото.
-
Индивидуални производи
Потколена корективна лонгета за корекција на деформитети на стапало
2610 | Потколена корективна лонгета за корекција на деформитети на стапало
- Ортоза на глуждот (AFO), која е изработена по индивидуален отисок, помага за подобрување на начинот на одење преку спречување или ограничување на несакани движења на потколеницата и стапалото, притоа давајќи поддршка на послабите мускули на потколеницата.
- Исто така се користи за одржување на позицијата на скочните зглобови, корекции на деформитети и помага во намалувањето на спастичноста.
- Изработена е од пластика со можност заради поголема удобност да се обложи од внатрешната страна на ортозата.
-
Потколени ортози
Еластичен стегач за потколеница
450,00 ден- Еластичен стегач кој дава поддршка кај лезии на мускулите на потколеницата;
- Дава поддршка на тибијалната коска;
- Превенира повреди на подколеницата;
- Oбезбедува заштита, компресија и топлина.