-
Надлакотни ортози
Имобилизатор за рамо
1.240,00 ден- Имобилизаторот за рамо изработен од материјал со висока удобност и цврстина;
- Прави имобилизација и стабилизација на рамото и надлактицата и ја намалува болката;
- Се фиксира и прилагодува со помош на лепливи ленти;
- Се користи при скршеници на рамо и надлактица, луксации и сублуксации на рамо и кај постоперативни состојби.
-
Надлакотни ортози
Неопренски стегач за рамо
1.130,00 ден- Неопренски стегач за рамо кој овозможува заштита, затоплување и поддршка на рамото;
- Се користи кај хронична болка во рамо, при спортски активности и посттрауматски состојби.
-
Надлакотни ортози
Ортоза за рамо – Omo Neurexa
12.976,00 ден- Omo Neurexa служи за стабилизација на рамото после мозочен удар;
- Мозочниот удар или повредите на централниот или периферниот нервен систем можат дa доведат до парализа на рамото;
- Се јавува болка и отежнато движење на раката;
- Една од причинита за таа болка во рамото е делумната дислокација на главата на хумерусот од рамениот зглоб;
- Omo Neurexa го подобрува налегнувањето на главата на хумерусот во чашката на рамениот зглоб со што се ублажува причината за болката;
- Тоа помага рамото да се стабилизира и правилно да функционира;
- Omo Neurexa ортозата значително ја ублажува болката и ја подобрува целокупната положба на телото.
-
Лакт
Надлакотен корективен апарат со механизам за корекција во лакотен зглоб
7.919,00 ден2401 | Надлакотен корективен апарат со механизам за корекција во лакотен зглоб
Партиципација: 10%
- Корективниот апарат се користи при конзервативен третман кај дислокации на зглобот на лактот во процесот на рехабилитација, при контрактури, третман на скршеници на латералниот или медијалниот епикондил, постоперативна имобилизација;
- Овозможува контролирано движење во зглобот на лактот со помош на степенест регулатор.
-
Индивидуални производи
Пасивна надлакотна ортоза од пластична маса
2402 | Пасивна надлакотна ортоза од пластична маса
Партиципација: 10%
- Индивидуална ортоза која се користи за стабилизација и заштита на зглобот на рамото при дислокации на рамото, фиксации после операција и третман со гипс кај фрактури на горниот дел на хумерусот;
- Ортозата е изработена од термопластичен материјали со дебелина зависно од потребата на пациентот;
- Обликот и димензиите се изработуваат по индивидуален отисок на пациентот, со што се овозможува дозиран притисок точно во регијата каде што е потребно за попрецизно фиксирање во споредба на сериските ортози од овој тип.
-
Надлакотни ортози
Пасивна надлакотна ортоза од пластична маса
6.229,00 ден2402 | Пасивна надлакотна ортоза од пластична маса
Партиципација: 10%
- Ортоза од пластична маса, се препорачува при скршеници и повреди на надлактица и рамо;
- Изработена е од пластична маса за цврста потпора и мек внатрешен дел за поголема удобност;
- Прави фиксација и имобилизација на надлактицата при што ја намалува болката.
-
Подлакотни ортози
Стегач за рачен зглоб
311,00 ден- Стегачот за рачен зглоб има компресијата што помага во намалување на болките;
- Изработен е од неопрен, не ја намалува подвижноста на зглобот.;
- Овозможува удобна заштита на рачниот зглоб, погоден e при спортување или при поголеми оптеретувања на зглобот.
-
Ортози за горни екстремитети
Ортоза за фиксација на зглоб на дланка
400,00 ден- Неопренска ортоза за рачен зглоб, која обезбедува заштита и поддршка на истиот;
- Погоден за спортисти и при болка во зглобот;
- Не го ограничува движењето;
- Се фиксира со леплива трака;
- Одговара на сите големини (една големина).