Коленски Ортози

  • Колено

    Активна ортоза со алуминиумски шини – Genu Direxa

    5.528,00 ден

    Во случаи на мала до умерена нестабилност во коленото (лабавост на лигаментите) Genu Direxa помага во стабилизацијата на коленскиот зглоб, ја намалува болката и повторно ја враќа нормалната функција на зглобот.
    Правилно дозираната компресија при носењето на ортозата ја подобрува сензомоторната функција, добивате  подобрено чувство за  функционирањето на коленото и се чувствувате побезбедно.
    Со цел да се чувствувате удобно и при долготрајно носење на ортозата  материјалот со кој е обложена внатрешноста на Genu Direxa е исклучително мек и пријатен, особено на чувствителните регии на коленскиот зглоб.

    Одбери опции
  • Колено

    Ткаена ортоза за колено со метални зглобови – отворена

    1.350,00 ден

    Оваа ткаена ортоза за колено со вградени странични метални зглобови максимално ги растоварува внатрешните и надворешните лигаменти на коленото без да ја ограничи подвижноста на коленото.
    Обезбедува добра стабилизација на коленото и позиционирање на пателата на коленото. Фактот дека предниот дел е целосно отворен овозможува лесно поставување на ортозата.

    Одбери опции
  • Колено

    Супракондиларна коленска ортоза со метални зглобови

    1.780,00 ден

    Отворена коленска ортоза која овозможува лесно поставување особено кај повозрасни корисници. На горната и долната старана на ортозата има леливи ленти, со кои се прицврстува ортозата. Страничните метални шини имаат зглобови, кој ја олеснуваат флексијата и екстензијата на коленскиот зглоб.

    Одбери опции
  • Колено

    Ортоза за корекција на варус или валгус на колено – Agilium Reactive

    14.400,00 ден

    Agilium Reactive e  цврста ортоза за колено наменета за растеретување и стабилизација на коленото, посебно наменета за пациенти со varus или valgus на колено.
    Пациентите со varus деформитет (нозе во форма на лак или ,,О“ нозе) најмногу страдаат од болка во внтрешноста на коленото , додека valgus деформитет (чукање на колената или „ X“ нозе) често доведува до симптоми на надворешната страна на коленото.

    Со својот механизам за растеретување поставен блиску до зглобот оваа ортоза овозможува ослободување на зглобот на коленото. Принципот на олеснување на притисокот од 3 точки го држи зглобот во коректна позиција спречувајќи ногата да се помрдне на страна: притисокот на болната страна на зглобот е намален. Tака, чекор по чекор се зголемува мобилноста и активноста на пациентот.

    Ортозата се карактеризира со лесна алуминиумска рамка, која овозможува удобно носење и под облека.Меките делови на ортозата се изработени од нелизгачки материјал. Поставувањето е олеснето со нумерираните ленти.

    Одбери опции
  • Колено

    Динамична коленска ортоза – Genu Arexa

    20.270,00 ден

    Обично по повреда на лигаментите во коленото, како што е кинење на предниот вкрстен лигамент, операцијата е неизбежен зафат.
    Genu Arexa оптимално ја поддржува секоја фаза од процесот на лекување по операцијата како и при конзервативен третман без операција. Оваа ортоза ги спречува несаканите движења и ја враќа вашата доверба и безбедноста во вашата мобилност.
    Genu Arexa овозможува контролирана транзиција од првите чекори по операцијата до целосно оптоварување на коленото. Ортозата може да се носи и при спиење како и за време на вежби при физиотерапија.
    Лекарите, терапевтите и пациентите ја прифатија Genu Arexa ортозата затоа што е едноставна за поставување, совршено се адаптира на ногата на корисникот и се прилагодува без користење на алат.

    Одбери опции
  • Колено

    Имобилизатор за колено со регулација – Телескопски (Редерсман)

    5.000,00 ден

    Благодарение на злгобовите поставени странично на ортозата Редерсман се обезбедува контрола на аголот на флексија и екстензија на коленото.
    Обезбедува одлична постоперативна поддршка кај операциите после кои е нужно контролирано движење на коленскиот зглоб заради неговата заштита. Должината на ортозата благодарение на телескопскиот механизам индивидуално се адаптира според висината на корисникот.

    Додај во кошничка
  • Колено

    Имобилизатор за колено со регулатор (редерсман)

    5.000,00 ден

    Оваа Редерсман ортоза обезбедува контрола на аголот на флексија и екстензија на коленото благодарение на зглобовите поставени странично на ортозата.
    Обезбедува одлична постоперативна поддршка кај операциите кај кои заради заштита на коленото потребно е контролирано движење.

    Додај во кошничка
  • Колено

    Имобилизатор за колено

    2.136,00 ден2.900,00 ден

    Овој имобилизатор за колено се користи во состојби кои бараат целосна имобилизација на коленото.
    Обезбедува пост-оперативна имобилизација по операции на пателарен и колатерален лигамент.
    Благодарение на страничното поставени челични ленти по оската на коленото, се обезбедува цврста имобилизација на коленото во нулта позиција. Се користи како поддршка и стабилизација при одење во случаи на спастични долни екстремитети или парализа.

    Цената се дефинира во зависност од големината

    Одбери опции
Shopping Cart