Ортопедски влошки
Модерниот начин на живот (намалено движење, неквалитетни обувки, одење и спортување на тврди подлоги, зголемено оптеретување) сé се тоа причинители на микротрауми на стапалата кои понатаму се трансверираат на колената, колковите и кичмата.
Со нашиот избор на ортопедски влошки го намалуваме стресот на стапалото и го штитиме системот за движење.
Влошките се целосно индивидуално прилагодени.
Влошките се делат на четири основни видови, корективни, компензаторни, потпорни, за растеретување и спортски ортопедски влошки.
Индикации за ортопедски влошки
Pes Planovalgus – Рамно стопало е деформитет со биомеханичка природа и хипотонична мускулатура на стапалото. Изненадувачки висок процент на населението имаат состојба на рамно стапало.
Pes excavates-Pes Cavus – Стекната или вродена состојба на стапалото што е резултат на хипертонус на плантарните флексори на предниот дел на стапалото при што манифестира високи лонгитудинални лакови на стапалото кои не се во допир со подлогата.
Calcar calcanei – Калцификат (петен трн) на дорзалниот дел на петата на местото каде се поврзува тетивата.
Diabetes Mellitus – Диабетичко стапало е една од најчестите компликации кои се јавуваат и е последица од зголемениот шеќер во крвта.
Metatarzalgija-Mortonova metatarzalgija – се манифестира со ненадејна појава на болка во предниот дел на стапалото, обично за време на активности.
Ефекти од користење на ортопедски влошки
- Корекција на сводот на стопалото;
- Идеално биомеханичко распределување на оптеретувањата;
- Намалување на притисокот и напрегањето на оптеретените делови на на стопалото;
- Абсопрбција на дел од силите кои при чекорење;
- Спречување на замор и напор;
- Стабилизирање на петата