70-ти роденден Гоца & Славеј

70-ти роденден Гоца & Славеј

Минатиот месец со нашата “врсничка” Горица скромно и со сите потребни мерки на претпазливост го прославивме заедничкиот, 70-ти роденден.
Горица, или Гоца како што на галено ја викаме сите во СЛАВЕЈ има посебно место во нашите срца, како и во срцата на сите кои имаат среќа лично ја познаваат.
Во цутот на раната младост Гоца ги има загубено двете раце и едната нога и како лице со тешко телесно оштетување е корисник на протези од СЛАВЕЈ речиси половина век.
Но тешката телесна попреченост ни оддалеку не е пречка за Гоца да води активен и целосно исполнет живот, а делче од тоа се обидовме да пренесеме и со нашите камери.
Нејзината порака е дека не постојат реални изговори, постои само љубов за животот и непоколеблива волја – и СЀ Е МОЖНО!
13/10/2020 Новости