Соопштение во врска со измени на Правилникот за ортопедски помагала 🦽

Соопштение во врска со измени на Правилникот за ортопедски помагала 🦽

Почитувани соработници,

Во последниве неколку месеци се случија неколку измени во Правилникот за ортопедски помагала.

За жал состојбите со пандемијата на вирусот COVID 19 нѐ спречи овие измени да ги презентираме на Вашите стручни состаноци или очи в очи како што некогаш практикувавме.

Поради тоа се обраќаме на овој начин со цел да Ви ги приближиме измените во Правилникот кои во неколку наврати се воведени од страна на ФЗОМ на Р. Македонија.

Од измените во текстуалниот (општ) дел од Правилникот најважните измени се следните:

  1. Се дозволува доплата на осигуреникот за доколку сака да добие помагало кое по квалитет и цена е над стандардот пропишан од страна на ФЗОМ;
  2. Се укинува одредбата за 6 месечен континуитет во осигурувањето за да осигуреникот стекне право на помагало.

Што се однесува до измените во Списокот на помагала кој е составен дел од Правилникот, најголемите измени се направени во областа на Протетика и во делот на Инвалидски колички.

Во протетиката се воведуваат нови типови протези, како и софистицирани компоненти кои одат на товар на ФЗОМ како составен дел на протезите.

Во делот на Инвалидски колички воведени се нови артикли и тоа:

  1. Стандардно лесна инвалидска количка и
  2. Активна инвалидска количка

Во прилог на маилов Ви праќаме извадок од Списокот на помагала со новововедените помагала со сите информации за медицински индикации, критериуми за стекнување право, неопходна документација и дополнителни критериуми како возраст, работен однос и степен на активност.

Во најскоро време ќе Ви биде дистрибуиран Каталог со целокупниот програм на ортопедски помагала и сите релевантни информации за правилно препишување согласно Правилникот на ФЗОМ.

Се надеваме дека до излегувањето од печат на нашиот Каталог, денешнава информација ќе го олесни процесот на препишување на помагалата .

Со почит,

Центар за Ортотика и Протетика Славеј Скопје

Спуштете го документот со измени на Правилникот

27/07/2020 Новости