Месец за подигнување на свеста за сколиоза

Месец за подигнување на свеста за сколиоза

Јуни е меѓународен месец за подигнување на свеста за сколиоза.

 

Сколиозата е состојба каде ‘рбетниот столб е абнормално искривен на страна, во облик на буквите Ѕ или С.

Раната детекција е клучна за обезбедување навремена и неинвазивна корекција, која може да спречи многу посериозни компликации, па дури и хируршки зафати.

Приближно 1 од 5 деца или адолесценти дијагностицирани со сколиоза има потреба од третман со ортоза.

Изработката на ортоза вклучува најсовремена технологија како 3D скенирање на телото, внесување на корекцијата во дигитален облик и машинска изработка на моделот со потребната корекција.

Јуни е меѓународен месец за подигнување на свеста за сколиоза и би сакале и ВИЕ да се вклучите.

Бидете и Вие дел од оваа кампања на Центарот за ортотика и протетика СЛАВЕЈ АД Скопје.

Нашиот тим од ортопедски техничари Ви стојат на располагање.

01/06/2020 Едукација, Новости, Ортотика