Ви го претставуваме новото издание на каталогот СЛАВЕЈ

Ви го претставуваме новото издание на каталогот СЛАВЕЈ

НОВО ИЗДАНИЕ НА КАТАЛОГОТ СЛАВЕЈ

Почитувани соработници,

Ви го претставуваме новото издание на каталогот Славеј.

Би сакале да Ве воведеме во истиот со кратка содржина за производите и измените на Правилникот за право на остварување на ортопедско помагало.

Спуштете го каталогот

СУШТИНСКИ ИЗМЕНИ ВО ПРАВИЛНИКОТ НА ФЗОМ

• Дозволена е доплата на разлика во цена за производи со повисок квалитет од оние кои се одобрени од ФЗОМ.
• Воведени се дополнителни критериуми за препишување на софистицирани протези. Тие се:
o Степен на активност (специјалистички извештај)
o Возраст
o Школување или да е вработен
• Воведени се дополнителни критериуми за препишување на лесни и активни колички. Тие се:
o Функционален статус на двете раце (специјалистички извештај)
o Возачка дозвола
o Школување или да е вработен

КАТАЛОГ

ПРОТЕТИКА

Сите продукти кои одат на товар на ФЗОМ се обележано со знак ФЗОМ во зелена боја.

Протетика за долни Екстремитети (стр. 10-29)

• Вид на протеза се препишува според степенот на активност на корисникот објаснет на стр. 10 од каталогот.
• Зависно од степенот на активност на корисникот, во каталогот кај секоја протеза поединечно, табеларно се прикажани:
o Индикации
o Комбинации од препорачани компонентни
o Дополнителни критериуми и ограничувања
o Потребни документи и извештаи
• Нови продукти вклучени во правилник
o 1113 – Натколена скелетна протеза со карбонско лежиште, едноосовинско хидроулично колено со микропроцесорска регулација (С – Leg) и стапало од јаглеродни влакна за високоактивни корисници. (стр. 11)
o 1112 – Натколена скелетна протеза со карбонско лежиште. (стр. 12)
• Роковите на траење на протезите и компонентите според правилникот на ФЗОМ се дадени во табела на страна 42-44 на каталогот.
• Гарантни рокови на деловите од протезите на 1 година, по истекот можни се поправки и замени на секоја компонента или лежиште на протезата по потребите на корисникот.
• Заради анатомски промени, можно е препишување на ново помагало пред истек на рокот по член 13 од правилникот на ФЗОМ.

Протетика за горни екстремитети (стр. 30-37)

• Нови продукти на товар на ФЗОМ:
o 1611 – Надлакотна мултифункционална протеза со миоелектронска шака и мехатронички лакотен зглоб со прекинувач, командувана со притисок (стр. 33)
o 1612 – Надлакотна мултифункционална протеза со миоелектронска лакотна единица контролирана од микропоцесор и мултифункционална миоелектронска шака. (стр. 34)
• Рокови на траење на протезите и компонентите дадени се на стр. 45 од каталогот.
• Гарантни рокови на деловите од протезите на 1 година
• Заради анатомски промени, можно е препишување на помагало пред истек на рокот по член 13 од правилникот на ФЗОМ.

ОРТОТИКА

Рокови на помагалата дефинирани од ФЗОМ се дадени за помагала за кои корисниците имаат повеќегодишна потреба.

Ортози за долни екстремитети (стр. 48-74)

• Помагалата се групирани во регии (натколени, коленски и потколени)
• Во оваа група се сместени дел од ортозите кои во стариот каталог беа во посебна група – корективни ортози. (2609 – стр. 55; 2608 – стр. 68; 2610 – стр. 69; 2610 – стр. 70)

Ортози за горни екстремитети (стр. 77-87)

Ортози за ‘рбетен столб (стр. 88-100)

• Кај ортози со кои лекување и употреба е долгорочно, дадени се рокови на траење според ФЗОМ.
• Индивидуалните ортози се изработуваат компјутерски со CAD CAM технологија.

БАНДАЖА И ДЕТСКИ ОРТОЗИ

Бандажерски помагала (стр. 103–111)

Опфаќа појаси за абдомен, појаси за хернии, мидери, компресивни чорапи и ракави, вештачка дојка и граници за истата.

Детски ортози (стр. 114-134)

• Во ова поглавје сместени се воглавно корективни и имобилизациони колкови, ‘рбетен столб, горни и долни екстремитети.
• Некои од ортозите се повторуваат со артикли од ортотика со цел да биде попрегледно.

КОЛИЧКИ И АНТИДЕКУБИТАЛЕН ПРОГРАМ

• Нови продукти кои одат на товар на ФЗОМ:
o 3109 – Стандардно лесна инвалидска количка (стр. 164-165)
o 3110 – Активна инвалидска количка (стр. 166-169)
o Во каталогот кај овие артикли дадени се:
 Индикации
 Дополнителни критериуми и ограничувања
 Потребни документи и извештаи
• Електромоторен додаток за количка – Може брзо и лесно да се поврзе со повеќе рачни колички. Едноставната постапка ја претвора рачната количка во електрична. Со можност за дневно минување на 30км со брзина до 30км/час. (Не оди на товар на ФЗОМ)

ОПРЕМА

Особено задоволство ни е да ви претставиме дека имаме програма на одалки и вертикализатори од Ottobock и Akces-med.

Производи кои се вметнати во категоријата Опрема се:
• Бастуми и штаки
• Одалки
• Вертикализатори
• Опрема за тоалети и бањи
• Кревети и лифтери
• Рампи и транспортер за совладување на скалила со инвалидска количка.

Спуштете го каталогот

18/03/2021 Едукација, Новости, Ортотика, Протетика