Производи на товар на ФЗОРСМ

  • Градни протези

    Вештачка дојка

    3.070,00 ден

    Силиконските вештачки дојки од Amoena Essential создаваат пристоен и природен изглед. Дизајнирани  да ги задоволи основните потреби на жените по операција на дојка. Нивниот патентиран мек силикон InTouch обезбедува најприродно чувство на мекост. Се обвиткуваат како вистински гради и лесни се за носење.
    Поради нивната симетрична форма може да се носи на левата или десната страна.

    Ако барате форма на гради која нуди сигурни перформанси, извонреден комфор и секојдневен убав изглед, палетата Amoena Essential е онаа на која можете да се потпрете секој ден.

     

    Одбери опции
  • Антидекубитални перници

    Перниче од полиуретан со мемориска пена

    3.225,00 ден

    Ова перниче од полиуретан со мемориска пена е пневматска перница посветена на луѓе кои поголемиот дел од времето го поминуваат седејќи. Препорачлива за лица со посебни потреби во инвалидски колички.
    Внатрешниот материјал на перницата е изработен од 100% VISCO.

    Додај во кошничка
  • Детски ортози

    Потколена корективна лонгета за корекција на деформитети на стапало – UCBL

    2610| Потколена корективна лонгета за корекција на деформитети на стапало

    Ортозата за стaпало UCBL e ортоза која има максимална контрола на позицијата на стапалото. Се користи за корекција на флексибилни деформитети на стапалото, го контролира и лакот и правецот на стапалото. Се разликува од стандардните ортотички средства за стапала по тоа што целосно ја опфаќа петата за да ја држи во правилнa положба.

    Додај во кошничка
  • Индивидуални производи

    Чевли кај скратување на екстремитети над 6 см

    4113 | Чевли кај скратување на екстремитети над 6 см

    Овие чевли се изработуваат индивидуално кај корисници кај кои има разлика во должината на екстремитетите од било која причина. Се препорачува да се носат заради рамномерно оптоварување и заштита на колковите, спречување на појава на сколиоза и болки во лумбалниот дел од рбетот.
    Боја и модел на чевлите по избор на корисникот од достапните во моментот на нарачка.

    Додај во кошничка
  • Индивидуални производи

    Чевли со вградена узенгија за едно стапало

    4107 | Чевли со вградена узенгија за едно стапало

    Чевлите се индицирани за корисници кои користат натколени или потколени ортози на една нога.

    Додај во кошничка
  • Индивидуални производи

    Чевли со вградена узенгија за две стапала

    4108 | Чевли со вградена узенгија за две стапала

    Чевлите се индицирани за корисници кои користат натколени или потколени ортози на двете нозе.

     

    Додај во кошничка
  • Индивидуални производи

    Специјални ортопедски чевли по гипсан модел

    4109 | Специјални ортопедски чевли по гипсан модел за специфични деформитети

    Чевлите се изработени по индивидуален отисок на корисникот. Со нив се компензираат сите видови деформитети на стапалата со што се добива растоварување на стапалата или саканата корекција на деформитетот.

    Боја и модел на чевлите по избор на корисникот од достапните во моментот на нарачка во зависност од состојбата на стапалата.

     

    Додај во кошничка
  • Индивидуални производи

    Ортопедски чевли кај парцијални ампутации

    4111 | Ортопедски чевли кај парцијални ампутации со надградување на ампутацијата

    Овие чевли се изработени од телешка кожа,  индивидуално за корисници кај кои од разни причини има недостаток на палец или дел од предниот дел на стапалото.

     

    Додај во кошничка
Shopping Cart