++389 (0) 2 3217 633

Ортози за горни екстремитети

Ортози за горни екстремитети

Ортозите за горен екстремитет се помагала кои се користат надворешно за да ги обноват или да ги подобрат функционалните и структурните карактеристики на мускулно – скелетниот и нервниот систем. Интеракцијата на зглобовите на горниот екстремитет кај човекот обезбедува голем степен на подвижност како и фаќање на бројни позиции и функции со шаката.

Овие ортози имаат точно дефинирана намена според патолошката состојба при кое треба да му се помогне на пациентот. Практични се бидејќи во случај на скршеници, повреди на меки ткива може веднаш да се почне со физикална терапија, со што се намалува времето на рехабилитација, се спречуваат хипотрофии, а пациентот е мобилен и има подобар квалитет на живот.

Во секојденевниот живот се случуваат повреди кои што за жал оставаат последици. Неретко се одлучуваме за физичка активност без припрема, што доведува до почести спортски повреди, оштетување на мускулите и лигаментите.

За намалување на ризикот од повреди и поголема заштита, Славеј ви излегува во пресрет со својата понуда за ортопедски помагала за горни ексремитети. Овие помагала овозможуваат згрижување на повреди и рани после операција, заштита при рехабилитација, превентивно при спортски активности. Ортозите за горни екстремитети се помагала кои прават стабилизација на зглобовите и можат да се користат во сите етапи на лечење. Ортозите се изработуваат од термопластични и термоактивни материјали, многу едноставни за подесување.

Поделба на ортозите за горни екстремитети:

  • Ортози за рамен зглоб

Рамениот зглоб е најподвижниот зглоб на нашето тело, кој што има  задача да ја припреми раката за изведување на најразлични и пред се многу потребни функции во секојдневниот живот. Болното рамо може да предизвика потешкотии во функционирањето, ограничена подвижност, укоченост, мускулна слабост.

Oртозите се наменети за фиксирање и контролирање на обем на движењето на рамото, за имобилизација, стабилизација, спречување на повторна дислокација на рамото.

Се користат кај спортски повреди, исчашувања, посттрауматски повреди, како и превентивно. Изработени се од високо квалитетен материјал којшто обезбедува константен притисок и поддршка, го поддржува физиолошкото движење во зглобот, ја подобрува циркулацијата и го забрзува заздравувањето.

Ортози за рамен зглоб

  • Надлакотни ортози

Надлакотната коска (humerus), е трета коска по големина и јачина во нашето тело. Се протега од рамениот зглоб до зглобот на лактот. Надлакотната коска е многу важна, зашто без неа не би можеле да го управуваме другиот дел од раката, нити пак би можеле да ја користиме. Најчести повреди на оваа коска се скршеници од различна етилогија,реуматски заболувања, спортски повреди и др.

Ортозите за надлактица овозможуваат подршка, растретување, лечење и рехабилитација на пациентите. Удобни се, едноставни за користење и допринесуваат за побрзо мобилизирање на корисниците.

Надлакотни ортози

  • Ортози за лакотен зглоб

Лакотниот зглоб е сложен и создаден од спој на три коски, една надлкотна (humerus), и две подлакотни (radius и ulna). Коскените испакнатини од внатрешната и надворешната страна се викаат epikondili. Најчести повреди на лактот се јавуваат при постојано повторување на исти покрети кај спортистите (тениски лакот), кај некои професии (шофер, домаќинки), кај силни удари. Симптомите се непријатни и болни, со ограничување на покретите, што го отежнува нормалното функционирање, можат да настанат  и фрактури, луксации, контузии и др.

Ортозите за лакотен зглоб во голема мера ја растеретуваат болката, ја намалуваат мускулната напнатост, со дозиран притисок го намалуваат напрегањето на тетивите.

Ортози за лакотен зглоб

  • Подлакотни ортози

Подлактицата е дел од раката помеѓу шаката и лактот, составена е од две коски и мала група на мускули, но нивната функција е многу разновидна. Покрај тоа што е во интеракција со лактот регулирајќи ги покретите на шаката, мускулите на подлактицата управуваат со покрети на свиткување, приближување, оддалечување и др.

Подлакотни ортози

  • Ортози за зглоб на шака и прсти

Шаката се смета за дел од телото кој е најмногу и најчесто користен. Континуирано користење може да доведе до надразнување на меките ткива во делот кај рачниот зглоб, прстите или зглобот на палецот. Од нашиот избор ќе најдете ортози којшто се наменети за подршка, растеретување и индицирано лечење, без попречување во извршување на секојдневните активности, дизајнирани така да го имобилизираат рачниот зглоб, без ограничување на покретите на прстите.

Ортози за зглоб на шака и прсти

  • Ортози за прсти

Шаката се дели на две подрачја: дланка и прсти. Дланката повеќе ја одржува физичката конституција, додека прстите менталната тенденција. Најчести повреди на прстите настануваат при спортски активности , обично при удар со топка, при паѓање. При овие незгоди, можно е да биди повредена тетивата, но во ретки случаеви се јавуваат и фрактури. Третманот може да биде хируршки и конзервативен. Кај сите затворени повреди каде што е повредена тетивата или е делимично прекината се применува имобилизација на прст.

Ортози за прсти

05/10/2017 Едукација, Ортотика