++389 (0) 2 3217 633

Ортози за долни ектремитети

Ортози за долни ектремитети

Ортозите на долните екстремитети се ортопедски помагала кои служат да дадат потпора на телесната тежина со цел да овозможат движење, да го корегираат соодветниот дел на телото, да се подобри функцијата на оделни делови од телото или да се спречат несакани деформитети, да се корегира постоечкиот деформитет и да се растовари некој дел од телото.

Поделбата на ортозите за долни екстремитети може да се дефинира како:

Натколени ортози

Во нашата понуда ќе најдете ортози за правилно и индицирано лечење, како ортози за поддршка, стабилизација,вертикализација,  растеретување, корекција и ортози за во постоперативен период. Можат да бидат индивидуално изработени или сериски со прилагодување.

Натколени ортози

Коленски ортози

Коленото како најсложено граден зглоб секојдневно е изложен на стрес, удари и притисоци. Сите удари како на пример спортските повреди, преголемото оптеретување како што е зголемена телесна тежина и многу други фактори имаат негативно влијание на лигаментарниот состав и коленото во целина. Трајното оптеретување води до хронична болка. Ваквите повреди и фактори кои го оштетуваат коленото бараат соодветна терапевтска потпора. Во нашата понуда на стегачи и ортози за колено ќе најдете соодветно решение за Вашиот проблем.

Поделба на коленските ортози:

Меки коленски ортози

Даваат стабилизација и поддршка на коленото во случаи кога има мала нестабилност, лесни повреди и воспаленија, превентивно при активности, за заштита, а со компресијата што ја прават ја намалуваат болката. Можат да бидат изработени со или без стабилизатор за пателата. Ортозите со стабилизатор прават поддршка и даваат стабилност на пателата во случаи каде има пателарна нестабилност, дислокации на пателата, зглобни отекувања кај артроза и артритис. Стабилизаторот на пателата (чашката) претставува специјално дизајнирано силиконско перниче, кое прави активна поддршка и стабилизација.

Можат да бидат изработени од неопрен кој има својство да ја задржува телесната температура, има еластичност, флексибилност, сила и прави отпорност на триење, да бидат направени од еластичен аеричен материјал, или волнени стегачи за колено кои служат за затоплување и ја задржуваат телесната температура. Можат да бидат целосно отворени што ги прави поедноставни за поставување или затворени со навлекување.

Меки коленски ортози

Коленски ортози со фишбајни

Во нашата понуда ќе најдете голема палета на коленски ортози со фишбајни  во зависнот од потребата и типот на повреда. Овие ортози даваат странична поддршка на коленото, ја намалуваат болката и прават активна поддршка на пателата. Страничното појачување со фишбајни кои претставуваат флексибилни пластични шини, прави добра поддршка и стабилизација кај повреди на страничните лигаменти на коленото. Стабилизаторот на пателата (чашката) кој претставува специјално дизајнирано силиконско перниче, прави активна поддршка и стабилизација при повреди, дислокации и нестабилности на пателата. Во изборот на овие коленски ортози ќе најдете ортози со и без стабилизатор на патела, изборот е во зависност од типот на повреда и болка. Направени се од висококвалитетни материјали кои даваат удобност при носењето. Можат да бидат изработени од неопрен кој има својство да ја задржува телесната температура, има еластичност, флексибилност, сила и прави отпорност на триење, или да бидат направени од еластичен аеричен материјал. Анатомскиот дизајн ги прави погодни и удобни за секојдневна употреба. Може да бидат целосно отворени што ги прави поедноставни за поставување или затворени со навлекување.

Коленски ортози со фишбајни

Коленски ортози со метални шини

Во нашата понуда ќе најдете голем избор на коленски ортози со метални шини. Благодарение на металните шини кои се вметнати од двете страни (латерално и медијално), овие коленски ортози даваат максимална поддршка на коленото и ги ограничуваат движењата лево-десно со што се спречуваат дислокации, прават добра стабилизација кај повреди и руптури на лигаментите, кај остеоартритис, феморопателарен синдром на болка, иритација на ткивата после операции или трауми на коленото, поддршка кај повреда на вкрстени лигаменти со помош на вкрстените траки. Можат да бидат со или без стабилизатор на патела (чашката) кој претставува специјално дизајнирано силиконско перниче, прави активна поддршка и стабилизација при повреди, дислокации и нестабилности на пателата. Можат да бидат изработени од неопрен кој има својство да ја задржува телесната температура, има еластичност, флексибилност, сила и прави отпорност на триење, или да бидат направени од еластичен аеричен материјал. Исто, може да бидат целосно отворени што ги прави поедноставни за поставување или затворени со навлекување. Имаат две додатни еластични траки за прилагодување. Анатомскиот дизајн ги прави погодни и удобни за секојдневна употреба.

Коленски ортози со метални шини

Ригидни коленски ортози

Ригидните коленски ортози даваат висока стабилност и заштита кај повреди на преден или заден вкрстен лигамент, латерален или медијален лигамент, постоперативно и посттрауматски каде што е потребно ограничување на движењето на зглобот или кај комбинирани повреди. Се изработуваат од лесни  но цврсти материјали, што значи дека можат да го издржат притисокот без да ја загрозат мобилноста на корисникот. Дизајнирани се да ја редуцираат нестабилноста после повреди, да обезбедат стабилност и да го намалат ризикот од други повреди во коленото.

Ригидни коленски ортози

Потколени ортози

Функцијата и целта на примена на потколените ортози е контрола на движењето на стапалото и скочниот зглоб, постигнувајќи странична стабилност на скочниот зглоб, потпирање на прстите и стапалото во фазата на замав, со што истовремено се превенира или корегира деформацијата на стапалото. Освен што овие ортози се применуваат при одење, често се применуваат и како корективни заради превенција на контрактури или заради задржување на положбата после оперативен зафат.

Поделба на потколените ортози:

Потколени ортози

Целта на потколените ортози е да ја надоместат изгубената функција на оделни мускули или мускулни групи и на тој начин да овозможат функција – подвижност на екстремитетот, да спречат појава на деформитет, да ги корегираат присутните деформитети, да го сочуваат ефектот од хируршката операција, да овозможат растоварување на патолошко променетите коски и зглобови како и да ја спречи подвижноста заради намалување на болката.

Потколени ортози

Ортози за скочен зглоб

Повредите и оштетувањата на скочниот зглоб и стапалата се една од најчестите, особено при спортски активности. Поддршката на зглобот е важна при истегнувања и болка, хронична нестабилност на зглобот, а особено  после операција или имобилизација со гипс, бидејќи овозможуваат побрзо опоравување и редуцирање на болката.

Ортози за стапало

Ортозите за стапало имаат функција да корегираат деформитети или да ја задржат корегираната положба после оперативни зафати, да превенираат контрактури и да го намалат притисокот на стапалото.

05/10/2017 Ортотика