++389 (0) 2 3217 633

Ортопедски влошки

Ортопедски влошки

Модерниот начин на живот (намалено движење, неквалитетни обувки, одење и спортување на тврди подлоги, зголемено оптеретување) сé се тоа причинители на микротрауми на стапалата кои понатаму се трансверираат на колената, колковите и кичмата.

Со нашиот избор на ортопедски влошки го намалуваме стресот на стапалото и го штитиме системот за движење.

Влошките се целосно индивидуално прилагодени.

Влошките се делат на четири основни видови, корективни, компензаторни, потпорни, за растеретување и спортски ортопедски влошки.

 

Индикации за ортопедски влошки

Pes Planovalgus – Рамно стопало е деформитет со биомеханичка природа и хипотонична мускулатура на стапалото. Изненадувачки висок процент на населението имаат состојба на рамно стапало.

Pes excavates-Pes Cavus – Стекната или вродена состојба на стапалото што е резултат на хипертонус на плантарните флексори на предниот дел на стапалото при што манифестира високи лонгитудинални лакови на стапалото кои не се во допир со подлогата.

Calcar calcanei – Калцификат (петен трн) на дорзалниот дел на петата на местото каде се поврзува тетивата.

Diabetes Mellitus – Диабетичко стапало е една од најчестите компликации кои се јавуваат и е последица од зголемениот шеќер во крвта.

Metatarzalgija-Mortonova metatarzalgija – се манифестира со ненадејна појава на болка во предниот дел на стапалото, обично за време на активности.

 

Ефекти од користење на ортопедски влошки

  • Корекција на сводот на стопалото;
  • Идеално биомеханичко распределување на оптеретувањата;
  • Намалување на притисокот и напрегањето на оптеретените делови на на стопалото;
  • Абсопрбција на дел од силите кои при чекорење;
  • Спречување на замор и напор;
  • Стабилизирање на петата

Ортопедски влошки

 

 

09/08/2017 Едукација