++389 (0) 2 3217 633

CAD CAM

CAD-CAM (Computer Aided Design-Computer Aided Manufacturing) е новата технологија со која во Центарот за  ортотиката и протетиката СЛАВЕЈ АД Скопје  компјутерски во 3Д се изработуваат ортопедски помагала

Што е CAD CAM технологија?

CAD (Computer – aided design) – Компјутерски потпомогнато конструирање (дизајнирање) е поим кој ги опфаќа најчесто користените софтверски средства за цртање, конструирање и комплексно геометриско 3D моделирање.

CAM (Computer – aided manufacturing) – Компјутерски потпомогнато производство, во најширока смисла на зборот ги опфаќа сите модерни производни технологии за кои заедничко е тоа што компјутерот ја игра главната улога.

Што овозможува CAD CAM технологијата?

  • Да се дизајнираат и изработуваат разни ортопедски производи (ортози, корсети, протези и др.) со примена на 3D скенер, софтвер за обработка и CNC машина.
  • Овозможува значителни нови можности за  пациентите и производителите како:
    • Брзо, точно и безболно добивање на 3D облик на пациентот
    • Висок степен на хигиена, извонредна прецизност, без штетни зрачења
    • 3D корекции кои можат да бидат симулирани, мерени и репродуцирани
    • База на податоци која содржи историја на сите корекции
    • Автоматска изработка на ортопедското помагало со помош на CNC машина и програмско отсекување на граничните линии

Процесот на изработка на ортози и протези со примена на CAD CAM е следниот:

  • Скенирање на пациентот со 3D скенер и добивање на дигитален модел
  • Превземање на моделот во специјализиран CAD софтвер каде што се прават сите потребни корекции
  • Генерирање на соодветен програм за изработка на моделот со примена на CAM софтвер
  • Автоматизирана изработка на моделот од полиуретан на специјализирана CNC машина
  • Изработка на протеза/ортоза со термоформирање на пластична маса
  • Автоматизирано отсекување на непотребни делови

Погледнете го процесот на земање на мерка

 

Компјутерско моделирање што овозможува интервенција во обликот и изгледот на моделот заради оптимален облик на корсетот, кој инаку кај класичниот модел со гипсен отисок се изработува рачно. Постапката е брза, прецизна, лесна за контрола, а нуди и можности за дополнителни интервенции на обликот на моделот

 

Изработка на помагалото од термопластични материјали со помош на CNC машина

17/10/2017 Едукација