++389 (0) 2 3217 633

Антидекубитален програм

Антидекубитален програм

Декубитус претставува оштетување на кожата и ткивото во вид на рани кои настануваат како резултат на недоволна исхрана на местото со кислород и слаба циркулација т.е клеточно оштетување настанато со директно влијание од притисок или напрегања од триење. Најчесто се јавува кај луѓе кои поголем дел од денот се во лежечка положба. Декубитусот како патолошки процес делува многу штетно за човекот поради тоа што претставува влезна врата за многу микроорганизми, а со тоа настанува инфекција во организмот. Постојат многу ризик фактори за негово настанување и тоа: нерамномерен притисок, неповолна состојба на кожата, невролошки заболувања, триење, лоша подлога при седење или лежење, неподвижност, преголема телесна тежина, ексикоза и постаро доба. Декубитус може да се појави на сите делови од телото, но најчесто се јавуваат на оние места кои што се изложени на притисок како рабовите на лопатките на грбот, лактот, петите, карлицата и лумбосакралниот дел на рбетниот столб. Лечењето на декубиталните рани е возможно, но кај постарите пациенти е поотежнато.

Превенцијата на декубитусот е од фундаментално значење.

Превенција се постигнува со навремено користење на анти-декубитус душеци, перничиња и други додатоци за позиционирање за да се распореди и намали притисокот на телото, а со тоа колку што е можно да се спречи појавата на декубитус.

Антидекубитален програм

05/10/2017 Едукација, Ортотика