++389 (0) 2 3217 633

ПРОФИЛ НА КОМПАНИЈА

Центарот за ортотика и протетика СЛАВЕЈ АД Скопје е компанија која е формирана и започнува својата работа во 1949 година, со цел во тоа време да ги опреми со ортопедски помагала телесно инвалидизираните лица жртви од последиците на Втората светска војна.

Со текот на времето компанијата покажа забрзан развој и пораст во секој сегмент од нејзиното работење.

Прилагодувајќи се на тогашните општествено економски услови кои налагаа компанијата од државна да премине во приватна сопственост, истата во 2000 година се трансформира во акционерско друштво со 100% приватен капитал.

Низ годините кои следеа Центарот за ортотика и протетика СЛАВЕЈ АД Скопје секогаш беше воден од стремежот за постојан напредок, со посветена тимска работа, со следење на најсовремените технологии и нивно инплементирање во севкупниот работен процес и преку создавање на висококвалитетни кадри порасна во компанија која е водечка во областа на ортотиката и протетиката, посебно во доменот на индивидуалното производство на ортопедски помагала произведени за потребите и по мерка на секоја индивидуа погодена од било која категорија на телесен инвалидитет.

Центарот за ортотика и протетика СЛАВЕЈ АД Скопје во текот на работата заедно со своите клиенти учеше и стекнуваше искуства со чија помош им помага и на пациенти со  најспецифични случаи на инвалидитет, секако не занемарувајќи ги и полесните категории на лица со потреба за ортопедски помагала, а истовремено  активно се вклучува и во делот на превенција на деформитети кај младата популација.

Центарот за ортотика и протетика СЛАВЕЈ АД Скопје покрај своето производство располага и со богат избор на готови производи на најразновидни ортопедски помагала со потврден квалитет набавени од меѓународно реномирани производители.

Нашата компанија долги години живее и делува како едно големо семејство во кое секој негов клиент е добредојден и има посебно место. Компанијата работи и во иднина ќе работи со единствена цел да ја заслужи и одржи довербата на секој нејзин клиент, да се помогне секому кој тоа од нас ќе го побара, да му  овозможиме нормално  функционирање и успешно  вклучување во општествениот живот.

НАША ВИЗИЈА

Нашата визија е да работиме посветено, со професионален и одговорен однос. Да се развиваме како развојно ориентирана компанија, со стабилна пазарна позиција, отворена кон нови пазари и нови партнерства, која произведува и пласира ортопедски помагала со највисок квалитет, применувајќи најсовремени производствени технологии и деловни стандарди.

Да го издигнеме Славеј во регионален лидер и искреираме работна средина каде вработените со задоволство и ангажирано ќе работат на остварување на поставените цели.

НАША МИСИЈА

За остварување на визијата, дефинирана е нашата мисија со постојано тежнеење кон поздрав свет, супериорен квалитет на производите и услугите, како и професионалност и успешност на деловните операции.

Императив е заштита на интересите на потрошувачите, деловните партнери, вработените и акционерите.

Основна определба е грижата за здравјето и квалитетот на животот на секој човек,  системот на здравствена  заштита   и  животната   средина.

МЕНАЏЕРСКИ ТИМ

Горан Чалоски
Директор
Верче Додовска
Раководител на комерција
Мирјана Георгиевска
Раководител на сектор финансии
Борче Стојков
Менаџер за квалитет

Лидери сме во областа на ортотика и протетика во Македонија и водени од стандардите за квалитет креираме традиција од над 66 години во грижа за мобилноста, независноста, самодовербата, благосостојбата и квалитетот на живеење за нашите клиенти, што се огледа и во мотото:

партнер во движењето

Историјат на компанијата

1949

Основање на компанијата

1952

Одвојување на компанијата од “Рудо Белград”

1970

Преселба на компанијата во целосно нов објект

1990

Започнување на процес на приватизација на компанијата

1999

Отварање на првaта специјализирана продавница за медицински помагала

2007

Целосно комплетирање на процесот на приватизација на компанијата

2014

Воведување на најсовремена CNC технологија во производствениот процес

2016

Воведување на сопствена линија сериски произведени бандажерски помагала