++389 (0) 2 3217 633

Инвалидски колички

Инвалидски колички

Благодарение на нашиот широк спектар на инвалидски колички и помагала за рехабилитација ние ги приближуваме индивидуалните цели на дофат и нудиме решенија кои го олеснуваат секојдневниот живот, без разлика дали во домашни услови, надвор, за рехабилитација или спортување.

Славеј  има комплетен асортиман на инвалидски колички и помагала за рехабилитација со потребен квалитет.

Од широкиот спектар на инвалидски колички од СЛАВЕЈ вие сте обврзани да го направите оптималниот избор без разлика дали проблемите во движењето се привремени или трајни. Обрнете внимание на:

  • Намената (стандардна, активна),
  • Носивост, тежина,
  • Димензии (вкупна широчина, вкупна висина, големини на тркалата..)
  • Широчина, височина и длабочина на седиштето,
  • Тркала и гуми (полни, пневматски, лесно демонтажни..)
  • Склопливост (транспортабилност),
  • Седиште, наслон на грб, (тапацир, демонтажа..)

 

 Стандардни инвалидски колички

Стандардна инвалидска количка значи дека:

  • Составена е од компоненти кои се комерцијално достапни;
  • Конструирана е да издржи нормална секојдневна употреба;
  • Има стандардни димензии и карактеристики како што е подолу наведено;
  • Тежи повеќе од 16 кг;
  • Има носивост до 110 кг или помалку;
  • Има длабочина на седиштето од 380мм до 480мм;
  • Има широчина на седиштето помеѓу 380мм  и  480мм;
  • Има висина на седиштето од 480мм или повеќе;
  • Фиксни или демонтажни потпрачи за раце и нозе;

 

Активни инвалидски колички

Активнaта инвалидска количка е направена за луѓе кои се многу активни и независни и поминуваат долги часови во инвалидска количка за извршување на нивните секојдневни работи.  Таа е со крут рам и фиксни димензии кои се прилагодена кон потребите и мерките на корисникот. Овозможува оптимална позиција за седење и ракување. Со поголемата мобилност се добива доверба, ведрина, комуникативност и се подига свеста за животот.

Активнaта инвалидска количка е пофлексибилна во однос  стандардната количка и може да се прилагоди за да се задоволат индивидуалните потреби на корисникот. Со тоа се постигнува максимална мобилност и се овозможува користење со помал напор, полесно управување и транспорт.

Запомнете дека инвалидската количка не може да ги обезбеди сите одговори. Некои корисници можеби ќе имаат потреба од користење на два различни вида инвалидска количка, секоја за различен спектар на активности. Инвалидска количка за секојдневна употреба, за спортски цели, за рекреативни, за употреба во затворени простории, кратки растојанија и…

 

Електромоторна инвалидска количка

Електромоторна инвалидска количка е количка која се движи со помош на електричен мотор(и), а не мануелно. Електромоторна инвалидска количка е корисна за лица што не можат самостојно да управуваат со рачна количка или кои можеби треба да користат инвалидска количка за поголеми растојанија или на терен на кој ќе биде пренапорно за управување со инвалидска количка (големи угорнини, надолнини…). Таа, исто така може да се користи не само од страна на луѓе со попречувања на моториката, но исто така и од страна на луѓе со кардиоваскуларни, неуролошки или други проблеми.

 

За потребата консултирајте го вашиот лекар, кој може да процени и да ја одреди потребата и можноста за користење на електромоторна количка.

 

Електромоторна инвалидска количка – скутер

Скутерот е  инвалидска количка која е слична на електромоторната, но е конфигуриран како мотор-скутер. Скутерот е погонуван со помош на електричен мотор(и), а не мануелно. Седиштето може да се заврти за да се овозможи полесен пристап (седнување). Покрај споменатите причини кај електромоторната количка, Скутерот е корисен и за лица со услови на системска или целосна оневозможеност за движење на телото, но се уште се во состојба да стојат и да направат неколку чекори, можат да седат исправено без поддршка на торзото и можат да го користат управувачот, и кај лица со некои форми на артритис, дебелина, коронарни или белодробни проблеми и др.

За потребата консултирајте го вашиот лекар, кој може да процени и да ја одреди потребата и можноста за користење на електромоторна количка.

 

Инвалидска количка за церебрална парализа

Церебрална парализа е општ термин за голем број на невролошки состојби кои влијаат на движењето и координацијата. Невролошките болести се предизвикани од проблеми во мозокот и нервниот систем.

Поточно, церебрална парализа е предизвикана од проблем во некои делови од мозокот одговорни за контролирање на мускулите. Состојбата може да се случи ако мозокот се развива ненормално или е оштетена за време или кратко време по раѓањето.

Дете со церебрална парализа е забавено во развојот, како што е учењето да ползи, да чекори (оди), зборува…

Не постои лек за церебрална парализа. Сепак, постојат голем број постапки на располагање, кои можат да третираат многу од нејзините симптоми и да помогнат да се биде што е можно повеќе независен.

Церебрална парализа не е прогресивна состојба. Сепак, физичкиот и емоционалниот напор на живеењето со состојба како церебрална парализа може да предизвика стрес на телото, што може да предизвика дополнителни проблеми во подоцнежниот живот.

Во некои случаи на лицата со церебрална парализа потребна е посебна помош со помагала за нивната мобилност да е полесна и да можат да се движат наоколу и полесно да ги извршуваат секојдневните обврски. Инвалидските колички  често се популарен избор за лицата со проблеми со мобилноста.  Ова е местото каде Славеј може да помогне. Имаме голем избор на колички и помагала за Церебрална парализа  кои можат да го подобрат квалитетот на Вашиот живот.

Инвалидски колички

17/08/2017 Подвижност